Barış Seçkin
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
РИМ (АА) - Во Италија се приведени 12 лица за кои се сомнева дека подготвувале напад врз џамија во Сиена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата која ја води главниот обвинител за борба против мафијата, Џузепе Креацо, организирана е акција во која учествувале припадниците на безбедносните сили на Фиренца и Сиена, јавува „Раи њуз 24“ (Rainews24).
Се наведува дека се приведени 12 лица, меѓу кои и 60-годишен банкар и неговиот 22-годишен син, а за кои се верува дека подготвувале напад врз џамија во Коле ди Вал д’Елса.
Припадниците на безбедносните сили извршија претреси на неколку адреси во Коле ди Вал д’Елса и околните места.
За време на претресите се запленети експлозивни направи, оружје и нацистички симболи и предмети од Втората светска војна.
Медиумите пренесуваат дека се верува оти двете лица имале намера да постават експлозив во цевка која поминува под џамијата.
Сами Елшами пред Исламскиот центар во Коле ди Вал д’Елса истакнува дека опасноста е присутна сѐ додека постојат вакви идеи насочени против муслиманите и бегалците.
Емануеле Фиано, претставникот на Демократската партија, соопшти дека се шокантни снимките за складиштето и фактот дека се „приведени 12 фашисти“.
„Сите би требало да внимаваат на порастот на омраза кој дојде на опасно ниво“, смета Фиано.