Истакнувајќи дека долго време се пријатели со претседателот Ердоган, Трамп рече дека денес ќе зборуваат и за темите С-400 и Ф-35
Zafer Fatih Beyaz
13 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, со официјална церемонија го пречена претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
По пристигнувањето во Белата куќа, претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган ги поздравија новинарите потоа се ракуваа се со американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп. Подоцна, Ердоган се потпиша во Книгата на честа и заминаа во Овалната канцеларија на состанок. Средбата на Трамп со Ердоган започна во 18.13 часот по локално време.
Трамп, во изјавата за медиумите во отворениот дел од средбата, му се заблагодарува на претседателот Реџеп Таип Ердоган поради активностите на границата со Турција и Сирија. Истакнувајќи дека долго време се пријатели со претседателот Ердоган, Трамп рече дека ќе разговараат и за S-400 и F-35. Трамп исто така истакна дека Турција во последниот период (во Сирија) фати повеќе од 100 борци и ДЕАШ и продолжува да ги набљудува.