Etem Geylan
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна фондација за човечки права и слободи (ИХХ) на 25. годишнината од основањето, спроведува кампања под слоганот „Вас ве очекуваат”, во чии рамки собраната помош е доставена до околу 5 милиони лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата даде писмено соопштение во кое се наведува дека екипите на ИХХ, во рамките на рамазанската кампања под слоганот „Вас ве очекуваат”, изминале 890.000 километри пат на 5 континенти и во подрачјата во кои пристигнаа, доставиле помош на сиромашните, бегалците и на децата без родители.
Како секоја година, така и оваа, фондацијата им даде поддршка на децата без родители или семејствата во кои децата се со еден родител во Турција и во светот, организирајќи ифтар за нив. На децата им беше дадена и помош во школска опрема, нова гардероба и пакети со храна. Во случаите каде што беше утврдена потребата од дополнителна помош за децата без родители, беа донирани и финансиски средства.
ИХХ за време на месецот на постот, ја испорача својата помош до оние на кои им е потребна во 280 градови од 104 земји во светот и во Турција. На 42.900 лица им беше доделена парична помош која ја донираа добронамерни лица кои дадоа фитр и зеќат (финансиски средства кои ги даруваат муслиманите за сиромашните).
Во Турција и светот беа подготвени ифтарски софри за 3.100.000 лица. Тежиштето на доделената помош беше насочено во кризните подрачја, како што се Сирија, Сомалија, Судан, Јемен, Газа, Бангладеш, Ирак и Мјанмар.