Turgut Alp Boyraz
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 90.000 муслимани денес присуствуваат на бајрамската молитва во џамијата Ал-Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Насобраните верници во комплексот на џамијата Ал-Акса пред молитвата ги слушаа стиховите од Куранот и извикуваа текбири. По молитвата едни на други си го честитаа празникот Рамазан Бајрам.
На бајрамската молитва во џамијата Ал-Акса беа присутни голем број африкански бегалци во Тел Авив, а според зборовите на Фирас Ед Дибс, пред Канцеларијата на вакуфот во Ерусалим, во џамијата Ал-Акса на бајрамската молитва присуствувале над 90.000 верници.
Муслиманите низ светот денес го слават еден од двата најголеми празници, Рамазан Бајрам кој трае три дена. Рамазан Бајрам е празник со кој се завршува рамазанскиот пост.