Fatjon Cuka
25 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Граничната полиција во Какавија, Гирокастро, приведе 12 илегални странци со пакистанско потекло, кои влегле илегално преку зелената граница од Грција во Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нивното приведување беше потврдено од официјални извори од албанската државна полиција, при што преку официјално соопштение се истакна дека странските државјани се уапсени откако биле придружувани до канцелариите на граничниот премин Какавија, каде што беа испитувани.
Од извршените контроли и проверки од страна на секторот за микрации при полициска станица Ѓирокастро се покажува дека сите приведените биле од Пакистан.
Според полициските извори, сите овие луѓе влегле легално од зелената граница со Грција за да одат во Црна Гора, а нивната дестинација беше Германија.
Во меѓувреме, албанската полиција, на границата со Грција, ги засили мерките за контрола, поставувајќи полициски патроли. Овие мерки доаѓаат по информациите за тајните влезови во земјата од земјите во конфликт. Патролите кои се наоѓаат на границата на Kапштица и Kaкавија, исто така, имаат за цел да се справат со потенцијалниот прилив на странски државјани, вклучувајќи ги и бегалците, кои можат да бараат транзит премин кон Албанија.