Michael Hernandez
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот потпретседател, Џо Биден, ќе присуствува на доделувањето на церемонијата на доделувањето на наградата на Американската филмска академија, Оскар, со цел да ја истакне важноста на проблемот од сексуалните напади, се соопштува од Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој ќе ја најави поп ѕвездата Лејди Гага, пред нејзиното изведување на песната "Til It Happens to You", која е номинирана во категоријата најдобри оригинални песни за филмот "The Hunting Ground", кој го третира прашањето на силувањата во студентските кампуси.
„Потпретседателот направи многу важна работа предводејќи ги напорите за прекин на насилството врз жените и сексуалните напади”, кажа гласноговорникот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој додаде дека Биденовата посветеност кон проблемот ќе се види уште еднаш во недела вечер.
Неговото појавување на доделувањето на Оскарите е дел од кампањата на Белата куќа "It's On Us", која сака да го промени односот кон сексуалните напади во кампусите.
Една од пет жени и еден од 16 мажи се жртви на сексуални напади на факултетите, говорат податоците на оваа кампања.
На Биден, на 88-то доделување на најпрестижните филмски награди ќе му се придружи сопругата Џил Биден.