Zafer Fatih Beyaz
17 Јануари 2020•Ажурирај: 18 Јануари 2020
АНКАРА (AA) – Гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан разговараше за билатерални и регионални теми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорништвото на Кабинетот на турскиот претседател сооптши дека Калин во телефонскиот разговор со О'Брајан разговарал за ситуацијата во Сирија со акцент на важноста на договорот за прекин на судирите и во областа Идлиб.
Калин и O'Брајан исто така разговараа за кризата во Либија со посебен осврт на Берлинскиот самит, односно меѓународната конференција за Либија која во недела ќе биде одржана во Берлин, во Германија.
Соговорниците се согласни за неоходноста за вложување дополнителни напори за да се воспостави трајно примирје и да започне политички процес на решавање на кризата во Либија.
Во Берлин на 19 јануари ќе биде одржана меѓународна конференција на која учесниците ќе бараат решение за кризата во Либија.
На самитот се повикани САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Конго, Италија, Египет, Алжир, ОН, Европската Унија, Африканската Унија и Арапската лига.
Исто така се повикани и шефот на меѓународно признатата Влада за национално единство на Либија, Фајез ал Сараџ, и лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар.