Selçuk Acar
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во Њујорк изјави дека се надева оти на изборите во САД ќе победи најдобриот кандидат, јавува Anadolu Agency (AA).
Кан со градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, се состанаа на Форумот за прогресивни и инклузивни градови, кој се одржа во „Големото јаболко“.
Градоначалникот на Лондон, Кан, и градоначалникoт на Њујорк на форумот што се одржа на колеџот „Ла Гвардија“ зборуваa за напредниte градови, но исто така, и за антимигрантските пораки што беа кажани во текот на предизборната кампања во САД.
Покрај тоа, двајцата говореа и за она што го реализирале во своите градови за тие да бидат попрогресивни и поцелосни. Тие зборуваа и за злосторствата сторени од омраза кон муслиманите.
Кан на форумот изјави дека смета оти без разлика дали се работи за градоначалник, пратеник или претседател, личноста треба да биде потполна за да успее.
„Се надевам дека ќе победи најдобриот кандидат“, рече Кан. Како што вели, тој е оптимист кога станува збор за следните недели и месеци.
За потсетување, Кан на претходните јавни настапи ја поддржуваше кандидатката Хилари Клинтон.
Првиот градоначалник на Лондон кој е муслиман, пред посетата на Њујорк беше во Чикаго.
Ова е прва посета на Кан на Северна Америка откако го презеде кормилото во Лондон.
Домаќинот Бласио го пречека британскиот колега во резиденцијата Грејс. Тие двајца се запознаа во 2014 година, во Велика Британија.