Mustafa Keleş
19 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Пет лица се приведени во врска со експлозијата во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата, њујоршката полиција и екипи на ФБИ притвориле 5 лица при контрола на возило, кое било сопрено на мостот „Веразано“, кој ги спојува Бруклин и Стејтен Ајленд.
Во соопштението на ФБИ стои дека осомничените се притворени во врска со експлозијата, но сѐ уште нема подигнато обвинение против нив.
Во експлозијата што се случи во близина на еден контејнер за отпад, на 27. улица во Менхетен, повредени беа 29 лица.
Градоначалникот на Њјујорк, Бил де Бласио, во својата изјава рече дека случајот е насилен и „испланиран криминален чин“, но дека сѐ уште не се знае кој и со каква цел го направил.
Евидентирано е дека експлозивот е подготвен на сличен начин како во нападот од Бостонскиот маратон, односно кујнски експрес лонец наполнет со парчиња метал.