Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Едно лице во Канада освои џекпот на лотарија, на денот кога се пензионира, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Би-би-си (BBC), Пинг Куен Шум од Ванкувер освоил џекпот на лотарија со вредност од 1,5 милиони долари на 28 април, денот кога отишол во пензија.
Според веста, 28 април е, исто така, и роденден на Пинг.
„Неверојатно е три настани да се случат во ист ден. Работев долги години, и со нетрпение очекувам ова богатство да го споделам со моето семејство“, рече Пинг, истакнувајќи дека планира да патува во Кина.
Компанијата за лотарија „Бритиш Колумбија“ („British Columbia“) соопшти дека нема да дадат информации за возраста и професијата на Пинг.