Vesna Besiç
04 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ЛЕЗБОС (АA) - Лошите санитарни услови и борбата за опстанок е секојдневие на илјадниците бегалци на грчкиот остров Лезбос, каде што завршија бегајќи од војните и сиромаштијата во своите земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен што живеат во лоши санитарни услови, тие, исто така, се загрижени за нивната безбедност, но и за безбедноста на нивните најблиски. Меѓу бегалците има голем број жени и деца кои поради пренатрупаноста во кампот се принудени да спијат во летните шатори надвор од кампот за бегалци.
На островот се наоѓаат околу 9.000 бегалци кои чекаат одговор на барањата за азил. Многу невладини организации укажуваат на недоволните сместувачки капацитети и лошите услови за живеење.