Ekipa
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Ширум Каталонија отворени се избирачките места за регионалните избори, чија цел е да придонесат за излез од кризата во регионот во кој сепаратистичките власти еднострано прогласија независност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласањето започна во девет часот по локално време, а речиси 2.700 избирачки места ќе бидат отворени до 20 часот. Вонредните избори беа распишани од централните шпански власти откако тие ја презедоа контролата врз Каталонија на крајот од октомври. Изборите внимателно ќе бидат следени во Шпанија, но и надвор од нејзините граници.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека бегалците и затворените сепаратистички лидери се изедначени со Унионистите, кои тврдат дека Каталонија може да ја врати стабилноста и економскиот раст.
Се очекува рекорден одѕив на изборите, а над една петтина од неопределените, од вкупно 5,5 милиони гласачи, може да преовладаат на една од двете страни.