Alma Çekovic
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, заедно со сопругата гласаше на денешните вонредни парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како и секогаш така и денес очекувам овој ден да биде празник на демократијата во Србија, сè да помине во најдобар можен ред, политичките страсти манифестирани до четвртокот денес да се стишат, затоа што е потребно да им овозможиме на граѓаните на Србија да ја искажат својата волја и дека најголем дел од нив ќе одлучи што сака во наредните четири години”, изјави претседателот Николиќ.
Николиќ откако ја исполни својата граѓанска должност во изјава за новинарите изрази надеж дека по денешните избори Србија ќе продолжи по својот пат по којшто чекори со години.
„Јас искрено сакам Србија да продолжи да оди напред, да продолжи по патот по кој чекори веќе неколку години и кој е сигурно единствениот и вистински пат којшто може да донесе големо добро не само нам туку и за генераcиите кои доаѓаат зад нас, на кои во досегашниот период очигледно никој не мислеше премногу”, порача Николиќ и им посака успех на сите кои се кандидираа на изборите.
Во Србија денес се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори. Избирачките места беа отворени во сеум часот а ќе се затворат во 20:00 часот.