Gökhan Kavak
09 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ – Изборната комисија во Кенија објави дека пред претседателските избори закажани за 9 август, направена е проверка на изборната листа, при што се откриени речиси 250.000 регистрирани гласачи кои се починати, известува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Изборната комисија, Вафула Чебукати, одржа прес-конференција на која соопшти дека на листата на регистрирани гласачи се откриени 246.465 починати лица.
Чебукати информира дека се откриени 226.143 лица кои се пријавиле за гласање со различни лични карти, а 481.711 лица извршиле двојна регистрација.
Од друга страна, Чебукати соопшти и дека 164.269 лица се регистрирани за гласање со невалидна лична карта.
– На претседателските избори ќе се натпреваруваат четворица кандидати
Претседателските избори во Кенија ќе се одржат на 9 август.
На овие избори кандидати се Вилијам Руто, заменик-претседателот на Кенија, Раила Одинга од опозицијата, проф. Џорџ Вајакојах, кандидат на партијата Корени (Roots) и Ваихига Мвауре, кандидат на партијата Агона.
Актуелниот претседател Ухуру Кенијата, кому му истекува вториот мандат, нема да се кандидира на овие избори.