Gökhan Kavak
28 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Црвениот крст на Кенија ја повика меѓународната заедница да помогне на 3,1 милион луѓе погодени од сушата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите од медиуми во земјата, Црвениот крст на Кенија соопшти дека многу луѓе се неповолно погодени од тековната суша во земјата.
Истакнувајќи дека сушата погодила 3,1 милион Кенијци, Црвениот крст повика на помош од меѓународната заедница.
Црвениот крст исто така побара поддршка и од невладините и хуманитарните организации за подигање на свеста.
- „Најлошата суша“ од 1980-тите -
Најсилниот бран на суша во Источна Африка од 1980-тите доведе до ситуација во која гладуваат речиси 13 милиони луѓе.
Фактот што врнежите беа многу пониски од очекуваните во три последователни дождовни сезони ја поттикна новата криза со храна.
Во Кенија сушата достигна ниво на тревога. 1,5 милиони животни умреа поради недостаток на храна и вода.
Региони каде што сушата е на ниво на тревога се Баринго, Исиоло, Мандера, Марсабит, Самбуру, Туркана, Ваџир, Килифи, Ламу, Нјери, Западен Покот, Лаикипија и Гариса.
Обединетите нации (ОН) соопштија дека добитокот почнал да умира поради сушата, а семејствата ги напуштиле домовите поради недостаток на вода и проблеми со храната.
Недостигот на чиста вода доведе и до ширење на епидемии преку миграцијата.
ОН објавија дека добитокот почнал да умира поради сушата, а семејствата ги напуштиле домовите поради жед и проблеми со храната.
Недостигот на чиста вода доведе и до ширење на епидемии преку миграција.