Ahmet Gürhan Kartal
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Почина Кејт Флинт, пејачот на познатиот англиски бенд за електонска музика „Продиџи“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската полиција соопшти дека Флинт (49) денес е пронајден мртов во неговиот дом во Есекс.
Портпаролот на полицијата на Есекс истакна дека биле повикани нешто по 8:00 часот по локално време во домот на музичарот во Брук Хил.
„Пристигнавме во домот, и со жалење, само констатиравме смрт на 49-годишното лице на самото место“, истакна тој.
Од полицијата велат дека не се разгледува дека смртта е настапена под сомнителни околности.
Флинт се прослави со бендот Продиџи (The Prodigy) кога нивните познати синглови „Firestarter“ и „Breathe“ се најдоа на врвот на музичките листи во1997 година.
На пејачот во мај му претстоеше турнеја низ САД.