Abdullah Aşıran
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ХАГ (АА) - Холандија соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Техеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, соопшти дека Владата на Холандија донела одлука за повлекување на својот амбасадор од Техеран.
Блок нагласи дека одлуката е донесена поради тоа што Министерството за надворешни работи на Иран прогласило двајца вработени во Амбасадата на Холандија за „persona non grata“ (непожелни лица) и побарало да ја напуштат земјата.
Блок, исто така, наведе дека амбасадорот на Иран во Хаг е повикан во Министерството за надворешни работи на Холандија, и пренесено му е дека одлуката на неговата земја е неприфатлива и дека тоа ќе влијае „негативно“ на билатералните односи меѓу двете земји.
Блок нагласи дека Иран ја донел одлуката откако во јуни 2018 година Холандија протерала двајца вработени во Амбасадата на Иран во Хаг.