Şeyma Erkul Dayanç
19 Ноември 2026•Ажурирано: 19 Ноември 2026
Кибернапад насочен кон Европската комисија можеби компромитирал голем обем лични податоци, објави денес „Политико“, повикувајќи се на претставник на ЕУ, јавува Анадолу.
Според наводите, Комисијата смета дека го ставила нападот под контрола во најголем дел, но целосниот обем на потенцијалната штета сè уште не е познат.
„Европската комисија ги презеде неопходните мерки како одговор на откриената киберкампања“, изјави за „Политико“ портпаролот на Комисијата, Томас Рењие.
„Цел на напад беа поединечни системи и, во согласност со нашата вообичаена практика, ги известивме засегнатите лица“, додаде тој.