Alma Çekovic
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
КИЕВ (АА) - Украинските националисти го блокираа пристапот до руската амбасада во Киев за да ги спречат руските граѓани да гласаат на претседателските избори кои денеска се одржуваат во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Избирачкото место во Руската амбасада во Киев беше отворено според планираното, но во зградата можеа да влезат само членовите на персоналот на Амбасадата, јавува руската новинска агенција ТАСС.
Стотици припадници на безбедносните служби, како и украинските националисти, го блокираа пристапот до руската амбасада во Киев. Ги проверуваат патните исправи и во зградата ги пуштаат само дипломатите.
Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Авваков, во петокот објави дека на руските граѓани ќе им бидат оневозможено да гласаат во дипломатските представништва во Киев, Харков, Одеса и Љвово.
„Министерството за внатрешни работи на Украина донесе одлука да спречи организирање на избори во дипломатските преставништва во Украина", напиша Аваков.
Таквата одлука беше критикувана од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, нарекувајќи ја незаконска.
„Руските граѓани кои планираа да гласаат во Украина, со свои очи гледаат што се случува таму. Затоа нивниот избор би биде очигледен. Резултатот од изразување волја нема да ги задоволи властите во Киев", рече Захарова.
Во Русија денес се одржуваат претседателски избори, на кои најголеми шанси за победа има сегашниот претседател Владимир Путин, кој би требало да го освои четвртиот мандат.