Tevfik Durul,Fuat Kabakçı
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ПЕКИНГ (AA) - Во Кина, годината на кучето и Пролетниот фестивал се одбележуваат со ентузијазам, јавува Anadolu Agency (AA).
Измина годината на пепел, а започна годината на кучето, според кинескиот календар. Кинеската Нова година, позната и како Пролетен фестивал, се слави како најважен традиционален празник во кој луѓето се заедно со своите семејства и пријатели.
Во кинескиот хороскоп, кој има теорија дека секој хороскопски знак е поврзан со некое животно, годината на кучето претставува мудрост, пријателство и трпеливост. Граѓаните овој фестивал го слават со пријателите, ги посетуваат роднините и си даваат едни на други подароци, и ја делат радоста за празникот со најблиските.

Овој празник е причина луѓето да можат да го поминат времето со своите пријатели и семејства, бидејќи во земјата работниот живот секој ден станува сè понапорен и не остава слободно време за зближување со саканите.
Во Кина, најнаселената земја во светот со 1,42 милијарди жители, околу 300 милиони луѓе работат во големите градови.
- Во огромните метрополи владее тишина -
Големите градови наликуваат како град на духови, затоа што луѓето ги напуштија гигантските метрополи како Пекинг, Шангај и Гуанчо за да ја прослават Кинеската Нова година.
Во Кина владее тишина на официјалниот државен празник, кој започнува утре и ќе трае следните 7 дена, бидејќи секој го поминува времето со семејството во своите родни краишта.
Според традицијата во земјата, Кинеската Нова година се слави со огномети, за кои се верува дека ги истеруваат лошите духови.

Сепак, оваа традиција е забранета во големите градови поради загадувањето на воздухот, опасноста од пожар и безбедноста.
- Пролетниот фестивал трае 7 дена -
За Пролетниот фестивал во Кина, за оние што ќе останат во Пекинг, ќе се одржат разни забави и фестивали во парковите и летните одморалишта.
Украсениот Дитан Парк, еден од најголемите паркови во градот, им нуди на посетителите можност да се доживее празникот на пријатен начин. Исто така, учесниците ќе уживаат во сценските изведби и вкусните јадења што ќе бидат организирани во паркот.
Покрај тоа, новогодишната атмосфера поинтензивно се чувствува во руралните области.
Според кинескиот календар, секоја година се дава име на друго животно од календарот. Кинескиот календар е поставен според движењата на Месечината, и затоа новата година се разликува секоја година. По годината на кучето ќе следува година на свињата.
Пролетниот празник се слави и во азиските земји Сингапур, Малезија, Индонезија, Тајланд и Јапонија.