Mahmut Atanur
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 11 рудари останаа заробени откако вода потопи рудник за мрк јаглен во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Синхуа јавува дека доцна синоќа продрела вода и го потопила рудникот за мрк јаглен во кинескиот град Тонгчуен во северозападната покраина Шанкси.
Спасувачките екипи и понатаму се обидуваат со пумпи да ги ослободат премините и да дојдат до 11-те рудари кои останаа заробени во рудникот.
Во текот на продирањето на водата, од рудникот успеале да излезат 56 рудари.