Fuat Kabakcı
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во последните 24 часа, како последица на болеста предизвикана од новиот тип коронавирус (COVID-19) во кинеската покраина Хубеи, епицентарот на вирусот, починаа 242 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на локалните власти, само во последните 24 часа во оваа покраина се откриени 14.840 случаи на зараза со вирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 48.206.
На ниво на целата земја бројот на починати како последица на заразата со „Ковид-19“ изнесува 1.368, а заразени се 59.883 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи на зараза се потврдени во повеќе од 20 земји низ светот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност, а голем број авиокомпании ги запреа сите летови кон Кина.