Riyaz Ul Khaliq
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Кина денеска ја повика администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) да ги укине сите противзаконити санкции врз Иран, поздравувајќи ја одлуката за враќање на Вашингтон на иранскиот Нуклеарен договор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кина ја поздрави одлуката за враќање на Вашингтон на договорот и го повика да ги укине сите нелегални санкции врз Иран“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на прес-конференцијата во Берлин.
Како што објави кинескиот весник „Глобал тајмс“, Хуа истакнала дека Кина е фер во однос на Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), попознат како ирански Нуклеарен договор.
„Пекинг играше конструктивна улога, додека САД ги зголемуваат тензиите затоа што излегоа од Сеопфатниот план за акција“, изјави таа.
Кина неодамна го засили својот повик за отстранување на санкциите за Иран воведени главно од САД врз извозот на нафта во Техеран поради неговата нуклеарна програма.
Минатиот месец, Кина и Иран го потпишаа многу очекуваниот 25-годишен договор за стратешка соработка како дел од иницијативата „Појас и пат на Кина“.
На прашањето за коментар за планот за инвестиции во инфраструктурата на американскиот претседател Џо Бајден, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека тоа е внатрешна работа на САД.
„Кина започна нова стратегија за развој и ќе го поттикне отворањето за да можат повеќе земји да ги споделат кинеските дивиденди за развој“, рече Хуа.
Нејзините коментари уследија откако Бајден го претстави својот план од 2 билиони долари за ревитализација на лошата, застарена инфраструктура во САД, барајќи зголемување на данокот на корпорациите за да ги покријат трошоците за неа.
За зголемувањето на насилствата во соседниот Мјанмар, таа рече: „Кина се надева дека различните политички партии во Мјанмар ќе иницираат дијалог и консултации што е можно поскоро.“
„Кина е сериозно загрижена за насилствата и крвопролевањето таму, и повредувато на населението на Мјанмар. Треба да се одржи воздржаноста за да се избегне влошување на ситуацијата“, додаде кинеската официјална претставничка.
Според Асоцијацијата за помош на политички затвореници со седиште во Тајланд, најмалку 536 лица се убиени досега во Мјанмар, во воената акција против демонстрантите од преземањето на контролата во државата од страна на воената хунта на 1 февруари.
Мјанмарската војска наскоро по пучот објави вонредна состојба во траење на една година, покрај воспоставувањето на својот совет за водење на земјата со мнозинство будисти.