Riyaz Khaliq Khaliq
19 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
ПЕКИНГ (АА) - Кина денеска соопшти дека ќе постигне јаглеродна неутралност до 2060 година, и дека очекува врв на емисиите на јаглерод до крајот на оваа деценија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Заштитата на животната средина и борбата против климатските промени се заедничка одговорност на сите земји. Само кога сите земји ќе се обединат и ќе работат заедно на промовирање зелен и одржлив развој, можеме да ја одржиме севкупната рамнотежа во екологијата на Земјата и да го заштитиме единствениот дом на човештвото“, се наведува во новообјавената книга со наслов „Зелениот развој на Кина во новата ера“.
Во книгата, меѓу другото, се истакнува дека Кина ги презела своите одговорности, активно учествувала во глобалното управување со животната средина и дека до 2030 година ќе го достигне врвот на емисиите на јаглерод, а до 2060 година јаглеродна неутралност.
Се додава дека Кина продолжува да „ја унапредува зелената транзиција со овие цели како водич, да игра поактивна улога во билатералната и мултилатералната меѓународна соработка за зелен развој, да промовира правичен систем на глобално управување со животната средина и да придонесува со својата мудрост и сила за глобален одржлив развој“.