Ekip
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Околу 80.000 луѓе се евакуирани од јужниот дел на Кина, откако регионот беше погоден од силен тајфун кој ги оштети речните насипи и направи штета на браните, јавува Anadolu Agency (AA).
Државните кинески медиуми во сабота известија дека ден претхнодно поради тајфунот Хаима биле откажани 570 летови од Шензхена, град во провинцијата Гуангдонг.
Од канцеларијата за ублажување на катастрофи, велат дека тајфунот Хаима предизвика пукнатини во 59 насипи, предизвикал штета на 21 брана, и дека 179 објекти останале под вода.
Во градот Хуизхоу 21 лице беше заглавено во поплавената фабрика за чевли, но беа спасени.
Се очекува дека поројните дождови ќе продолжат во текот на викендот во неколку градови.
Минатиот месец, тајфунот Meранти позади себе остави 30 мртви и 15 исчезнати во Кина и Тајван. Малку подоцна во тајфунот Меги загинаа повеќе од 20 луѓе, а 17 се водат за исчезнати.