Ekipa
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачките екипи воспоставија контакт со осуммина од 12 лица заробени во поплавениот рудник за јаглен во северна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рудникот останаа отсечени 20 лица откако вода поплави два рудника во Кина во текот на викендот.
Спасувачите за државната агенција Синхуа изјавија дека со осум рудари во рударската јама Џинченг, кои се заглавени уште од саботата навечер, е воспоставен контакт преку телефон.
Нема информации за шестте лица кои се заробени од вчера наутро во рудникот за јаглен Хонгкај во округот Шуичен во југозападниот дел на покраината Ѓангсу.
Државната Управа за заштита при работа во соопштението на својата веб страница вчера истакна дека 94 рудари работеле во јамата Џингченг кога во 23:00 часот во саботата (1500 GMT) се случила несреќата.
Несреќата во Хонгкај се случила околу 4:00 часот изутрина.