Emre Aytekin
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
ПЕКИНГ
Претседателот на Кина, Си Ѓипинг на Самитот на лидерите на Г-20 што се одржа во Рим повика да се преземат конкретни чекори за климатските промени и енергетските проблеми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Си, кој на самитот учествуваше преку видео-линк истакна дека развиените земји треба да ги исполнат своите обврски во однос на климата и да ги поддржат земјите во развој.
Истакнувајќи дека земјите од Г-20 треба да го предводат развојот и ширењето на еколошки компатибилни технологии, претседателот Си Ѓипинг повика на имплементација на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.
Посочувајќи дека развиените земји треба да дадат пример во намалувањето на емисиите на јаглерод, кинескиот претседател Си истакна дека е потребно да ги поддржат земјите во трансферот на технологија и изградбата на капацитетите.
Според целите поставени во 14-тиот 5-годишен план, кинеската влада има за цел во 2030 година да го намали количеството на емисии на јаглерод за 65 отсто во споредба со нивото од 2005 година и да го зголеми уделот на обновливите извори на енергија во потрошувачката за 25 отсто.
Кина има за цел да „биде јаглеродно неутрална“ земја со ставање крај на потрошувачката на фосилни горива до 2060 година.