Saadet Firdevs Aparı
30 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
ТАЈПЕЈ
Властите во Кина ветија редовна испорака на храна за жителите на главниот град Сиан во провинцијата Шенси, кој е под најстрог карантин од почетокот на појавата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на кинеското Министерство за трговија соопшти дека Министерството контактирало со провинциите што се наоѓаат во близина, за да обезбеди соодветно снабдување со дневни потреби.
Портпаролот вети редовна испорака на храна за жителите на градот кој се наоѓа во карантин.
Кинеската централна телевизија (CCTV) емитуваше прилог во кој се прикажува персоналот кој врши бесплатна испорака на намирници за жителите на една станбена зграда во Сиан.
Наведено е дека во намирниците се вклучени јајца, ориз, зелен зеленчук и разни видови месо.
Некои корисници на „Веибо“, платформата за социјални медиуми, тврдеа дека не ги добиле намирниците.
Во последните 24 часа во Кина се откриени 156 случаи на Ковид-19 од домашно потекло.
Од случаите на Ковид-19, 155 се евидентирани во 13-милионскиот град Сиан, каде што полицискиот час и мерките за карантин почнаа да се применуваат на 23 декември.
Во Кина, каде што се појавија првите случаи на епидемијата на Ковид-19, до денеска се откриени 101.890 случаи, починаа 4.636 лица, а продолжуваат да се лекуваат 2.563 пациенти.