Nilay Kar
18 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
БОГОТА (АА) - Најмалку 8 лица загинаа, а 30 други беа повредени кога автомобил-бомба експлодираше во Богота, објавија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Богота, Енрике Пеналоса, беше цитиран во извештаите во кои се вели дека експлозијата се случила пред полициската академија во овој град.
Во објава на Твитер, претседателот Иван Дуке потврди дека станува збор за „терористички чин".
Се уште никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Властите не кажаа кој може да стои зад овој случај.