Lokman İlhan
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
МЕДЕЛИН (АА) - Традиционалниот Фестивал на цвеќе, кој веќе 60 години се одржа во Колумбија, заврши со парада на која беа изложени палети со шарени цвеќиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодинешниот фестивал во Меделин почна на 28 јули, а последниот ден се одржа парада на булеварот Гуајабал.
Повеќе од 500 мештан за време на парадата на грбот носеа палети со илјадници цвеќиња. За прв пат, оваа година беа изложени и тридимензионални инсталации.
Локалните жители палетите тешки и до 120 килограми ги носеа подолго и од два километри.
Фестивалот во 1957 година започна со парада на 23 мештани од селото Санта Елена, во источниот дел на Меделин, на која носеа палети со цвеќиња.