Erbil Başay
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град, Диселдорф, пронајдена е бомба која датира од Втората светска војна, а поради бомбата од своите домови се евакуираат 2.300 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на општина Диселдорф, бомбата која тежи 250 килограми, била пронајдена за време на извршување на градежни активности, и истата ќе биде деактивирана во текот на денот.
Во соопштението се наведува дека започнало евакуирањето на 2.300 лица кои живеат во близина на ова место, додека предупредени биле 4.400 лица кои живеат во околината, да не илегуваат надвор од своите домови.