Selen Temizer
15 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Комисијата на Европската Унија (ЕУ) поднесе тужба против Унгарија до Судот на правдата на ЕУ поради повреда на слободата на медиумите и сексуална дискриминација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Комисијата на ЕУ се нагласува дека е донесена одлука да не се продолжи дозволата за работа на радиото „Клуб радио“ (Klubradio) и дека таа одлука е дадена на суд со образложение дека „се прекршени законите на ЕУ со примена на непропорционални и нетранспарентни услови“.
Во соопштението, исто така, се наведува:
„Комисијата одлучи да ја упати Унгарија до Судот на правдата на ЕУ поради законот кој ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет. Комисијата смета дека законот ги крши правилата на внатрешниот пазар, основните права на поединците и вредностите на ЕУ.“
Се наведува дека оваа тужба е следниот чекор од постапката за прекршување што ја започна Комисијата со официјално писмо за известување против Унгарија на 15 јули 2021 година.
Исто така, се додава дека унгарските власти не одговориле соодветно на загриженоста на Комисијата и не презеле никаква обврска за отстранување на неусогласеноста.
Унгарија извесно време е критикувана од ЕУ со образложение дека е во пад во однос на принципите како што се демократијата и владеењето на правото.