Emel Öz Gözellik
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ХАВАНА (АА) - При падот на авионот „Боинг 737“, кој се урна во петокот кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана, Куба, загинаа 110 лица, а пронајдена е и црната кутија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за транспорт на Куба, Адел Узкуиред Родригез, изјави дека при падот на авионот кој кон градот Холгуин превезувал 113 лица, загинале 110 лица.
Директорот на болницата „Каликсто Гарсија“ во Хавана, Карлос Алберто Мартинез, изјави дека се тешко повредени три лица, кои се задржани на лекување, и дека нивната состојба е сериозна.
Претседателот на Куба, Мигуел Марио Дијаз-Канел Бермудез, изјави дека е формирана посебна комисија која треба да ја утврди причината за падот на авионот.
При падот на воениот авион кој се случи минатата година во градот Артемиса, во Куба, загинаа осум лица, а во несреќата во 2010 година во која падна авион кој летал на релација Сантјаго - Хавана, загинале 68 лица.