Ekip
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ТОКИО (АА) - Властите на Северна Кореја прогласија тридневна жалост поради смртта на кубанскиот лидер Фидел Кастро, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во чест на Кастро наредено е сите знамиња на зградите на институциите да бидат симнати на половина копје.
Фидел Кастро, почина на возраст од 90 години на 26 ноември, а веста за неговата смрт е потврдена од страна на неговиот брат и сегашниот претседател на Куба Раул Кастро.
Извештаите од официјалниот Пјонгјанг покажуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун испрати венец до кубанската амбасада и дека делегацијата на високите севернокорејски официјални лица отпатува во Хавана за да присуствува на погребот.
Поради смрта на Кастро, во Куба се прогласени девет денови на жалост кои треба да завршат на 4 декември, кога ќе биде извршен и погребот на Кастро.