Zehra Ulucak
21 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во индиската сојузна држава Химачал Прадеш се случи лавина, во која според првичните информации, животот го загуби едно лице, а петмина останаа под снежниот нанос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во индиските медиуми, во подрачјето Кинаур, во близина на граничната караула Шипки Ла, на границата со Кина, се случила лавина, додека по планинскиот пат минувале 16 војници.
Властите соопштија дека се спасени поголем дел од војниците од под снежниот нанос, и дека животот го загубил еден војник додека го транспортирале во болница.
Во тек е спасувачка акција водена од 150-члена екипа, која под снежниот нанос трага по исчезнатите петмина војници.