Hajer M'tırı
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а петмина се водат за исчезнати во лавината што го погоди францускиот ски центар Тин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавината се спушти во 10.35 часот по локално време, на надморска височина од околу 2.100 метри над езерото Тин. Засега не е познат идентитетот на лицата што загинаа.
На местото на настанот се наоѓаат два хеликоптера, како и екипи на полицијата и планински спасувачки тимови.
Минатиот месец во лавина во Италија загинаа 29 лица.