Ekipa
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Швајцарските власти објавија дека се пронајдени телата на двајца француски скијачи кои ги затрупала лавина на Алпите и дека тргаат по уште две лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во кантонот Вале соопшти дека телата на двајца скијачи на возраст од 20 и 25 години биле пронајдени шест метри под снегот во областа Валон д'Арби, во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Франција и Италија.
Потрагата по 32-годишниот Французин и 57-годишниот швајцарски скијач е отежната поради лошите временски услови.
Група од шест скијачи беше затрупана од лавина во петокот. Две лица успеаја брзо да се извлечат, но останатите четворица скијачи не можело веднаш да бидат лоцирани.