Ekipa
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
МОСКВА (АА) - На претседателските избори во Русија до 17.00 часот по московско време, излегле над 50 отсто од граѓаните, соопшти руската Централна изборна комисија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Изборната комисија, од вкупно 111 милиони граѓани со право на глас, своето избирачко право го искористиле 51,9 отсто.
Напорите насочени кон поттикнување на поголем одзив на гласачите се во согласност со законот, се наведува од Централната изборна комисија. Одредени граѓани, како што се наведува, биле под притисок од своите работодавци да излезат и да гласаат.
Претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека се преземаат брзи мерки по наводите за кршење на изборниот процес.
Независни набљудувачи и активисти на изборите пријавија голем број инциденти на избирачките места и други неправилности на претседателските избори, на кои најголеми изгледи за победа има актуелниот претседател Владимир Путин, кој, доколку победи, би го добил четвртиот мандат.