Ali Cura
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека добро напредуваат активностите околу разоружувањето во зоната без судири во сирискиот Идлиб, јавува Anadolu Agency (АА).
Лавров, на заедничката прес-конференција со неговата колешка од Андора, Мариа Убач, се осврна и на спроведувањето на Договорот од Сочи.
Лавров потсети дека според Договорот од Сочи, на 15 октомври ќе заврши процесот на разоружување во Идлиб.
„Се спроведува Договорот за разоружување во зоната без судири во Идлиб. Главната улога за вршење активна соработка со сите групи таму (во Идлиб) ја играат нашите турски партнери. Нашите информации потврдуваат дека овој процес добро напредувал“, додаде тој.
Истакнувајќи дека по 15 октомври, оваа разоружена зона треба целосно да биде функционална, Лавров рече дека не е важно дали процесот ќе трае 1-2 дена повеќе.
„Во секој случај, квалитетот на оваа работа е важен. Важно е дека работата напредува, и ние активно го поддржуваме напорот на нашите турски партнери“, додаде шефот на руската дипломатија.