Ekipa
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ЏАКАРТА (AA) - Поради лажна изјава дека во авионот што се подготвувал да полета од индонезискиот Борне се наоѓа бомба, повредени се десет патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на полицијата, Нанаг Пурномо, изјави дека 26-годишниот Франтинус Нириги рекол дека во авионот „Lion Air“ („Лајон ер“) со 189 патници се наоѓа бомба. Авионот требаше да лета за Џакарта.
Најмалку 10 патници добиле повреди на главата и скршеници. Еден од патниците го скршил и прозорецот за итни случаи. Во авионот не е пронајдена бомба.