Hale Türkeş
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ИРАН (AA) - Националната иранска јужна нафтена компанија (NISOC) доби дозволи за спроведување тендер за 11 инвестициски проекти, чија цел е развој на 28 нови нафтени резерви на југот на земјата, објави во понеделник иранската медиумска куќа „Шана“ (Shana), пренесува Anadolu Agency (AA).
Бијан Алипур, извршниот директор на NISOC, компанија која произведува повеќе од 80 отсто од вкупната сурова нафта во Иран, рече дека таа фирма планира да инвестира во 29 нови инвестициски пакети за развој на нафтени резерви.
Алипур рече дека проектот ќе додаде 340.000 барели дневно на капацитетот на производство на нафта во компанијата во двогодишниот период.
Исто така, Алипур рече дека ќе биде потребно вложување од околу 4,6 милијарди долари за реализација на проекти кои би гарантирале создавање голем број работни места во југозападната провинција Кузестан.
За да се развијат нови нафтени резерви ќе биде потребно бушење на 282 нови бунари и адаптација на 124 земјишта.