Rania R.a. Abushamala
06 Ноември 2024•Ажурирај: 07 Ноември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Најмалку 30 лица се убиени, а 35 се повредени во денешните израелски напади врз Баалбек во источен Либан, пренесува Анадолу.
Бачир Ходр, гувернерот на провинцијата Баалбек-Хермел, преку својот профил на Х соопшти дека израелските воени авиони денес извршиле 20 воздушни напади врз Баалбек.
Државната новинска агенција ННА соопшти дека сѐ уште се во тек операциите за потрага по преживеани под урнатините на уништените згради во нападите.
Израел започна голема воздушна кампања во Либан од крајот на септември против, како што вели, позиции на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и либанската група од почетокот на бруталната израелска офанзива во Појасот Газа.
Според либанските здравствени власти, најмалку 3.050 луѓе се убиени, а речиси 13.700 се повредени во израелските напади кои почнаа од октомври минатата година.
Израел го прошири конфликтот со копнениот упад во јужен Либан на 1 октомври оваа година.