İlayda Çakırtekin
02 Октомври 2026•Ажурирано: 02 Октомври 2026
Претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, денес соопшти дека ѝ доделил нов мандат на лидерката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, за формирање нова влада, објави дневниот весник „Дагенс нихетер“, пренесува Анадолу.
Норлен истакна дека мандатот ќе започне в понеделник, со цел да им се остави време на партиите преку викендот да ги разгледаат своите опции.
Тој рече дека основните услови останале непроменети од моментот кога Андерсон првпат го добила мандатот, поради што е соодветно таа да продолжи со напорите за формирање Влада.
Андерсон, која наводно се согласила со Норлен, ќе треба да поднесе извештај на 12 октомври. Потоа ќе се одржи гласање за избор на премиер.
„Ја оставивме зад нас турбуленцијата од изминатата недела“, рече понатаму Норлен и додаде: „Ако ви е доделен мандат, добро е да го завршите.“
Бидејќи коалицијата на Андерсон освои мнозинство пратенички места на парламентарните избори одржани на 13 септември, таа првично беше задолжена, кон средината на септември, да ги испита можностите за формирање нова Влада.
Сепак, таа се откажа од обидот подоцна истиот месец, наведувајќи дека во тој момент немала доволна парламентарна поддршка за да продолжи понатаму.