Ahmet Gürhan Kartal
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
ЛОНДОН
Дваесет и петгодишно лице уапсено кратко по убиството на конзервативниот пратеник Дејвид Ејмс, обвинет е за убиство и подготвување на терористички акт, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Али Харби Али, 25 години (1.2.1996) од северен Лондон, е обвинет за убиство [спротивно на обичајното право] во четврток, 21 октомври, и подготвување терористички акти [спротивно на делот 5 од Актот на тероризам 2006],“ напиша метрополската полиција во извештајот.
„Обвинувањата беа потврдени од страна на Службата за специјален криминал и Одделот за борба против тероризмот (СЦЦТД)“, велат во извештајот.
Обвинетиот ќе се појави во судот „Вестминстер магистратес“.
„Денешното обвинение е значаен пресврт во овој случај, но работата на моите колеги во Командата за борба против тероризмот ќе продолжи забрзано“, рече Мет Џукс, помошник-комесар за специјални операции.
Тој рече: „Имаше значајна шпекулација во медиумите за заднината, историјата и мотивацијата на лицето кое е обвинето.“
„Јас го разбирам големото ниво на интерес од страна на јавноста за овој случај, но сега обвинението е донесено, и е од витално значење сите да бидат воздржани кога коментираат јавно, за да се осигураат следните судски постапки и да не се осудува однапред на кој било начин.“
Дејвид Ејмс беше убиен во Есекс, Англија, во текот на состанокот со конституентите на 15 октомври.
Дваесет и петгодишното лице, уапсено кратко по инцидентот, беше испрашувано од страна на претставници за борба против тероризмот откако полицијата го декларира инцидентот како тероризам.