Ali Cura
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
МИНСК
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, и рускиот претседател, Владимир Путин, разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Претседателството на Белорусија се нагласува дека двајцата лидери во телефонскиот разговор се осврнале на ситуацијата на белоруско-полската граница и на заедничките акции на Руско-белоруската Сојузна Држава во областа на одбраната.
Исто така, се наведува дека се разговарало и за ситуацијата во Украина и за непланираните воени вежби на САД на границите на Русија и Црното Море.
Според соопштението, меѓу другото Лукашенко го информирал Путин за неговиот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.