Ekip
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно ја предупреди Велика Британија дека не може да задржи полн пристап кон единствениот пазар на ЕУ доколку не ги прифати принципите на основање на блокот, вклучувајќи го и слободното движење на луѓето и надлежноста на судовите на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Макрон за BBC изјави дека Британија несомнено ќе преговара за единствената врска со ЕУ пред да го напушти блокот следната година, но дека секој договор мора да биде во согласност со правилата на ЕУ.
„За да добиете потполн пристап до единствениот пазар треба да придонесете за буџетот и мора да ги прифатите четирите столбови за членство во ЕУ“, изјави Макрон.
Коментарите на францускиот претседател ја поткопуваат позицијата на некои поддржувачи на Брегзит кои сакаат на Велика Британија да и ја вратат контролата со миграциите и да ги избегнат европските судови, но во исто време да го задржат и пристапот кон единствениот пазар.