Yusuf Özcan
07 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ПАРИЗ
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ги негира критиките упатени кон неговата земја дека се меша во внатрешните работи на Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон за време на претстојувањето во Бејрут, главниот град на Либан, даде изјава за францускиот телевизиски канал БФМТВ (BFMTV).
Макрон кој истакна дека кај либанскиот народ постои состојба на гнев, беше запрашан дали е за промена на претседателот на Либан, на што тој одговори: „Го почитувам Либан кој е слободен, суверен и горд. Можам да го забележам гневот, енергијата кај младината и моќта на народот. Последните месеци многу нешта одат на полошо.“
Мекрон истакна дека следните три недели ќе бидат пресудни за иднината на Либан.
Макрон, велејќи дека тоа што се наоѓа покрај либанскиот народ е одговорност на Франција, се бранеше дека не им издал наредби на либанските власти.
Негирајќи ги критиките дека неговата земја се меша во внатрешните работи на Либа, Макрон посочи:
„Станува збор за братство и помош. Немојте да грешите. Доколку Франција која верува во мултилатерализам и интересите на либанскиот народ не ја одигра својата улога, тогаш во внатрешните работи на Либан ќе се мешаат Иран, Саудиска Арабија,Турција и другите сили од регионот. Некои од тие земји ќе го сторат тоа за свои геополитички и економски интереси, против либанскиот народ.“
Претседателот на Франција, Макрон, вчера заедно со претседателот на Либан, Мишел Аун, го посети местото на експлозијата во Бејрут. Покрај тоа, Макрон одржа заедничка средба со претседателот Аун, премиерот на Либан Хасан Дијаб и претседателот на Парламентот Небих Бери.