Zehra Aydın Turapoğlu
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
АНКАРА
Како резултат на координативната работа на Турските вооружени сили (ТСК) и Турската национална разузнавачка служба (МИТ), во северниот дел на Ирак неутрализирани се седум терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Како резултат на координативната работа на ТСК и МИТ, преку воздушна операција неутрализирани се седум терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои биле откриени во подрачјето на Асос во северниот дел на Ирак“, се нагласува во ова соопштение.