Yusuf Özcan
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, истакна дека мирот меѓу Израел и Палестина може да се овозможи само преку преговори, и додаде дека нема алтернатива за дводржавното решение, јавува Anadolu Agency (AA).
Макрон и претседателот на Палестина, Махмут Абас, одржаа заедничка прес-конференција по нивната средба.
Макрон му пренесе на Абас дека не ја поддржува одлуката на САД за признавање Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.
Францускиот претседател рече дека мирот меѓу Израел и Палестина може да се овозможи само преку преговори.
„Нема алтернатива за дводржавното решение“ додаде тој.
Нагласувајќи дека Палестина е пријател на Франција, Макрон рече дека е потребно да се продолжува сос дијалог со цел обезбедување на мирот во регионот.
Макрон информираше дека наредната година ќе оствари посетва во Израел и Палестина, и додаде дека Франција и ЕУ ќе направет се за да се обезбеди мир во регионот.
На новинарското прашање дали Франција ќе ја признае Палестина како држава, Макрон одговори дека не сакаат да донесат избрзана одлука во врска со ова прашање.
„Дали денес во вакви услови, е ефикасна одлука еднострано да се признава Палестина како држава? Моментално не верувам“, рече францускиот претседател.
Макрон рече дека иако признавањето на Палестина како држава по одлуката на САД околу Кудс не е против меѓународното право, тоа може да предизвика други проблеми во регионот. Тој додаде дека неговата земја нема да донесе таква одлука како реакција против одлуката на САД за Кудс.
Според Макрон, донесување на ваква одлука по сите доживеани проблеми може да биде причина за грешки.
„Решението е дводржавно. (Признавањето на Палестина) на механички начин ќе биде внатре во процесот. Франција заедно со ОН и нејзините сојузници ќе ја земе оваа одговорност. Ова сакам да го направам во вистинско време за мирот. Не сакам да донесам избрзана одлука“, изјави Макрон. Тој истакна дека САД се маргинализирани и дека тој не сака да го направи истото.
Францускиот претседател рече дека разговара и работи со секого, и дека под притисок нема да донесе одлука за признавање на Палестина како држава.
Макрон изрази задоволство поради постигнатиот договор меѓу Хамас и Фатах, и додаде дека палестинскиот лидер, Абас, на 22 јануари ќе го посети Брисел каде ќе оствари средби.