Mehmet Akif Turan
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
РАБАТ (АА) - Мароко по паузата од 37 години ги обнови дипломатскте односи со Куба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Мароко се наведува дека според желбите на мароканскиот крал Мохамед Шести се обновени дипломатските односи со Куба.
Од таму исто така е порачано дека Мароко наскоро ќе отвори свое дипломатско преставништво во главниот град на Куба, Хавана.
Мароко, ги прекина дипломатските односи со Куба во 1980 година, откако земјата му пружи поддршка на Народниот фронт за ослободување на Саги ел Амра и Рио де Oроа (Фронт Полисарио)
Фронтот Полисарио е движење кое се бори за меѓународно признавање и независноста на Западна Сахара од Мароко. Од 1979 година Обединетите нации го признаваат Полисарио како претставник на граѓаните на Западна Сахара.